„Трансфермаркт“ пишува дека Дани Олмо (26) може да ја напушти Барселона без обештетување шест месеци откако пристигна во клубот. As тврди дека одличниот шпански офанзивец е во опасност да не биде регистриран за продолжението на сезоната во Ла Лига. Имено, поранешниот фудбалер на Динамо беше регистриран само за воведниот дел од сезоната, откако Барселона го искористи правилото според кое поради повреди на играчите им беше дозволено да внесат нови во записници за натпреварите.
При тоа, клубот можеше да користи 80 проценти од износот одреден за плати на повредените Роналд Араухо и Андреас Кристенсен. Бидејќи ист играч не може двапати во сезона да биде регистриран за истиот клуб, Олмо и Виктор се соочуваат со неиграње во вториот дел од сезоната поради правилата на Ла Лига.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Олмо минатото лето од РБ Лајпциг пристигна во Барселона во трансфер вреден 55 милиони евра, што со бонусите ќе надмине и границата од 60 милиони. Во моментот на недостапност на Араухо и Кристенсен, клубот направи потег кој му беше потребен, но сега мора да собере пари за Олмо и Виктор да можат да играат и во вториот дел од сезоната.
Шпанските медиуми пишуваа дека на Барселона ѝ требаат 50 милиони евра за да ја продолжи регистрацијата до 31 декември. Недавно, каталонскиот „Спорт“ тврдеше дека клубот преговара за “продажба на ВИП места на стадионот за период од следните 20 години, што веднаш би му донело 200 милиони евра”. Сè уште нема ништо реализирано и Барселона е сега во паника.
Според информациите од Шпанија, Олмо е многу незадоволен во клубот и некои медиуми пишуваат дека не може повеќе да ја издржи драматичната ситуација во клубот. Од управата му ветиле при доаѓањето од Германија дека сè ќе биде во ред и дека нема да има проблеми околу регистрацијата, но сега Барселона се соочува со најлошото сценарио.
Олмо во договорот ставил клаузула која му гарантира раскинување на договорот ако дојде до проблеми со регистрацијата. Олмо не можеше да игра во првите две кола во Ла Лига бидејќи не беше регистриран. За Барселона досега одигра 12 натпревари, поголемиот дел на позиција офанзивен играч со врска.