
Дарвин Нуњез повторно е на мета критики поради слабите игри за Ливерпул во последно време и изгледа дека летоска би можел да го напушти Енфилд. Но, се појави информација дека Уругваецот може да направи трансфер кој би можел да ги изненади сите.
Ливерпул во 2022 година издвои дури 85 милиони евра за доаѓањето на Дарвин Нуњез од Бенфика, но уругвајскиот напаѓач се уште не успеа да ги оправда очекувањата во англискиот клуб.
Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓
Токму кога ќе одигра една добра средба, Нуњез тоа брзо го „поништува“ како што направи неодамна против Астон Вила кога пропушти неверојатна шанса при резултат 2:2.
Поради тоа, овој 25-годишник повторно е на удар на критиките на навивачите на Редс, кои сметаат дека е време клубот да доведе друг напаѓач летоска и да се ослободи од Нуњез.
Нуњез има договор со Ливерпул до летото 2028 година, но како што стојат работите, можеби веќе летоска би можел да го напушти Енфилд, а Арне Слот е свесен дека тоа би било најдоброто сценарио за клубот по неуспешното искористување на сите прилики кои му беа дадени оваа сезона.
Ливерпул би можел за Нуњез да побара околу 50 милиони евра, што е значително помалку од платеното, а како што стојат работите нема да имаат проблеми со продажбата.
Утрото се појави вест која многу изненади, а тоа е дека Нуњез го следи Барселона и дека Каталонците сериозно се заинтересирани да го доведат летоска во својот тим. Единствениот класичен напаѓач во Барселона моментално е Роберт Левандовски, но јасно е дека Полјакот е на крајот од кариерата. Барса сака да доведе некој кој би бил конкурент на Левандовски следната сезона, и наводно Нуњез е прв избор.