Дома Фудбал Барселона може да остане без победата? Осасуна разгледува жалба поради настапот на дефанзивецот на Барса

Барселона може да остане без победата? Осасуна разгледува жалба поради настапот на дефанзивецот на Барса

Барселона триумфираше со 3:0 против Осасуна во одложениот натпревар од Ла Лига. Но, сега таа победа е под знак прашање, известуваат сите шпански медиуми на насловните страници на порталите. Радиото Cadena Cope објави дека Осасуна разгледува жалба бидејќи постои сомнеж дека Барселона го прекршила ФИФА правило за задолжителна пауза на играчот откако ќе се повлече од репрезентацијата поради повреда.

Осасуна се повикува на член 5 на ФИФА

“Адвокатите на Осасуна разгледуваат оспорување на натпреварот и неговиот резултат поради тоа што за Барселона недозволено настапил Иниго Мартинез. Осасуна се повикува на членот 5 на ФИФА. Ова правило специфицира дека кога играчот ќе ја напушти репрезентацијата поради повреда, не смее да игра за клубот во рок од пет дена од последниот натпревар во репрезентативниот прозорец. Исклучок е ако играчот изрично го ослободи репрезентацијата, но не и ако самиот тоа го побара”, пишуваат Шпанците и додаваат:

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


“Шпанија играше против Холандија во Лигата на нациите во неделата. Тоа значи дека помеѓу натпреварот на Барселона и Осасуна во четвртокот поминале четири, а не пет дена. Осасуна сега истражува дали Мартинез ја напуштил репрезентацијата по своја иницијатива или бил испратен дома од националниот тим. Ова е клучно.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го понижи Интер и дојде до првиот трофеј во ЛШ

ПСЖ на доминантен начин стигна до првата титула во Лигата на шампиони, откако со 5:0 го по…