Дома Фудбал Барселона може да добие значително засилување

Барселона може да добие значително засилување

Френки де Јонг, играчот од средниот ред на Барселона, се врати на тренинзи со првиот тим, иако засега не ги одработува целосните тренинзи со останатите, туку учествува само делумно, пренесуваат локалните медиуми.

Холанѓанецот е надвор од терените од февруари, кога заработи повреда на десната нога и досега пропушти девет натпревари на каталонскиот клуб. Де Јонг сè уште не е подготвен за целосни 90 минути, но можно е да се најде во составот на тимот за дерби натпреварот против Еспањол во недела вечер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ова е значајна вест за Ханси Флик, кој има сè повеќе проблеми со средната линија. Германецот е принуден да ротира мал број играчи во последните недели, што доведе до значително оптоварување за некои фудбалери. Педри беше изваден од игра на полувремето против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, но тоа беше превентивна мерка за да се избегне потешка повреда. Марк Бернал исто така е отсутен некое време и нема да биде подготвен за викендот, но тимот се надева дека ќе може да се врати за реваншот со Јорганџиите следната недела.

Да потсетиме, Барселона по 30 кола во Примера е прва на табелата со 76 поени, додека Реал Мадрид е зад нив со десет поени помалку. Од друга страна, тимот на Ханси Флик загуби на домашен терен од Атлетико Мадрид со резултат 0:2 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Арсенал веќе ќе беше шампион во Премиер лигата доколку го избраше Патрик Шик“

Владимир Шмицер, легендарна фигура на Чешка и освојувач на Лигата на шампиони со Ливерпул,…