Дома Фудбал Барселона ќе игра три пријателски натпревари на турнејата во Азија

Барселона ќе игра три пријателски натпревари на турнејата во Азија

Објавен е официјалниот распоред за турнејата на Барселона низ Азија, шест години по последната посета на каталонскиот гигант на Далечниот исток.

Блауграната го објави редоследот на пријателските натпревари ова лето, а вкупно ќе одигра три натпревари, пишува каталонскиот спортски весник Mundo Deportivo.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Избраниците на Ханси Флик ќе играат во Јапонија против Висел Кобе (27 јули), а потоа во Јужна Кореја против Сеул (31 јули) и Даиџу (4 август).

Последен пат Барса патуваше во Азија во текот на летото 2019 година, кога Ернесто Валверде беше тренер на Блауграната, а одиграа две пријателски средби: против Челси и Висел Кобе.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико постигна договор со нов играч од Аталанта

Атлетико Мадрид постигна договор со играчот од средниот ред на Аталанта, Едерсон, за негов…