Дома Фудбал Барселона изнајмила 475 седишта во ВИП-ложата за 100 милиони евра

Барселона изнајмила 475 седишта во ВИП-ложата за 100 милиони евра

Барселона објави дека клубот изнајмил 475 места во ВИП-ложата на својот стадион за следните 30 години. Клубот беше принуден да заработи големи средства за да може да регистрира некои играчи, меѓу кои и Дани Олмо, кој пристигна минатото лето. Се шпекулира дека ВИП седиштата биле продадени за користење под нивната реална вредност, за околу 100 милиони евра, иако реалната цена е двојно повисока.

Барселона за време на пандемијата со коронавирусот дојде до раб на банкрот, а новиот претседател Жоан Лапорта успеа да се договори со раководството на Ла Лига за моделот на одржливост според правилото 1:1. Тоа значи дека Барселона мора да заработи секое евро што го троши. Така, вредноста на трансферот и платата на Дани Олмо и другите играчи кои дојдоа, Барселона треба да ги покрие или со продажба на играчи или од други извори.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Олмо имаше цела сага околу регистрацијата во новата 2025 година, бидејќи Барселона не можеше да го оправда потрошениот износ на него. Меѓутоа со судска постапка доби право да игра за клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уапсен поранешен фудбалер на Реал Мадрид

Фабио Коентрао, некогашна ѕвезда на Реал Мадрид и португалски репрезентативец е фатен во к…