
Фудбалскиот клуб Барселона веќе интензивно размислува за следното лето и потезите кои би требало да ги направи на пазарот.
Пред сè, бидејќи Маркус Рашфорд пристигна на позајмица со право на откуп на договорот, но Манчестер Јунајтед бара 30.000.000 за момчето кое неодамна наполни 28 години. Дали тоа е исплатливо за Барса иако Англичанецот игра сосема солидно? Веројатно не е.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Затоа тие гледаат и други решенија. Прво, годината на раѓање на играчите. Второ, можноста за продавање. И трето и многу важно – примањата. Маркус Рашфорд е некој што заработува 14.милиони евра по сезона и тоа е плата која Барселона самостојно ја покрива.
Затоа, во овој момент, на врвот на листата на желби е Малик Фофана, дваесетгодишен левокрилен напаѓач на Олимпик Лион. Одличен напаѓач, брз, подвижен со одличен завршен удар. Пристигна пред нешто повеќе од една година од Гент за 19.500.000 евра, но Барса се надева дека би можеле да го добијат по поволна цена бидејќи Лион има финансиски потешкотии.
Моментално е повреден и нема да биде достапен неколку месеци откако го оперираше зглобот на ногата по непријатниот старт во дуелот со Стразбур.