Дома Фудбал Барселона го потврди новото засилување, а Тебас им порача: Не можете да регистрирате никого!

Барселона го потврди новото засилување, а Тебас им порача: Не можете да регистрирате никого!

Во денот кога беше соопштено дека Жоан Гарсија е ново засилување за Барселона, првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, ги предупреди Каталонците да размислат за постапката на неговата регистрација.

Барселона ја плати клаузулата од 25 милиони евра што Жоан Гарсија ја имаше во својот договор со Еспањол. Сега, пред Барселона стои потешкиот дел – регистрацијата на играчот.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Целата мината сезона Барселона имаше тешкотии со регистрацијата на играчи и исполнување на финансиските услови за нивно регистрирање, а денес, Каталонците добија и предупредување од Хавиер Тебас.

„Едно е да ја платиш откупната клаузула за Жоан Гарсија. Сосема друго е да можеш да го регистрираш. Барселона сè уште не е дел од тој 1:1 договор“, изјави Тебас на индустриската конференција во Мадрид.

„Нивното објавување на исплатата не значи дека е навистина извршена. Покрај тоа, периодот за трансфери и регистрација официјално уште не започнал. Моментално, тие не можат да регистрираат никого“, додаде тој и испрати порака до раководството на Барселона:

„Тие треба да завршат неколку работи, не е многу, но тие добро знаат што треба да направат. Не е моја задача да го кажам тоа“.

Фото: La Liga/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување: Гигантот од Серија А тргнува по Митровиќ!

Александар Митровиќ стана сериозна цел на Милан! Оваа информација ја објави италијанскиот …