Барселона би можела во завршниот ден на трансфер пазарот да го донесе Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, но јасно е дека некој мора да замине за тоа да се случи. Сепак, изгледа дека повеќе нема пречки, бидејќи утрово на адресата на Барселона стигна понуда која сигурно ќе ја прифатат.
Шпанските медиуми објавија синоќа дека Рашфорд сигурно ќе ја засили Барселона и ќе дојде на позајмица до крајот на сезоната, и дека клубовите веќе постигнале договор.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Сепак, за тоа да се реализира потребно е Барселона да продаде или испрати на позајмица некој од првотимците, а тоа според сите состојби е прашање на време кога ќе се случи.
Ерик Гарсија е тој кој најверојатно ќе го напушти каталонскиот клуб во наредните денови, а неговата нова дестинација ќе биде италијанската Серија А.
Утрово е потврдено дека на адресата на каталонскиот клуб стигнала понуда од седум милиони евра за Гарсија од Комо, а и самиот играч нема ништо против да се испроба на Апенините.