
Шпанскиот шампион Барселона започна преговори со играчот од средниот ред, Томас Парти (31), чии договор со Арсенал истекува на крајот од јуни, објавија британските медиуми. Тренерот Ханси Флик со задоволство би го видел репрезентативецот на Гана во дресот на Барса. Парти го привлекува и поради тоа што ќе биде слободен играч и може да се приклучи на клубот од Каталонија без потреба од исплата на отштета.
Парти најдобро се снаоѓа во улога на дефанзивен играч за врска, а во Арсенал дојде пред пет години од Атлетико Мадрид во трансфер вреден 50 милиони евра. Тој би сакал да остане во „Топџиите“, но не е подготвен да прифати намалување на платата, па затоа нема напредок во преговорите за нов договор со лондонскиот клуб.
Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓
Исто така, постои можност својата кариера да ја продолжи во Саудиска Арабија. Оваа сезона за Арсенал одигра 52 натпревара во сите натпреварувања. Постигна четири гола и имаше седум асистенции. Според процените на Трансфермаркт, неговата вредност е 14 милиони евра, а во својата кариера има настапувано и за Атлетико Мадрид, Мајорка и Алмерија.
Фото: Barcelona FC