Дома Фудбал Барса прави големо изненадување: Прв голман нема да биде ниту Тер Штеген, ниту Шчесни!

Барса прави големо изненадување: Прв голман нема да биде ниту Тер Штеген, ниту Шчесни!

Искусниот германски голман Марк-Андре тер Штеген, изгледа дека ќе се збогува со Барселона во следниот трансфер период, откако управата на клубот, предводена од Жоан Лапорта, не го гледа во иднината на каталонскиот гигант, објавува шпанскиот АС.

Тер Штеген минатото лето заокружи цела деценија меѓу редовите на новиот шампион на Шпанија, и клубот му ја довери капитенската лента по заминувањето на Серхи Роберто, очекувајќи од него дека со своето искуство ќе донесе најдобри резултати за тимот на Ханси Флик.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Сепак, непосакувана повреда предизвика на почетокот на сезоната да пристигне како замена Војчех Шчезни, но ни искусниот Полјак кој се врати од пензија не е главниот фактор за (не)очекуваното заминување на тер Штеген.

Според изворите, планот на Барселона е младиот талент Џоан Гарсија, за кого се заинтересирани многу европски клубови, меѓу кои и Реал Мадрид, да биде првиот голман во следната сезона, додека Шчезни би ја преземал улогата на резервен.

Во овие околности, тер Штеген, кој сезонава запиша само осум натпревари во првенството за Барселона, би бил трет голман, што би било нелогично, ако се земе предвид неговиот силен договор и капитенска позиција.

Растанокот станува неизбежен три години пред истекот на договорот, и се поставува прашањето кој клуб би бил спремен да го купи во моментот, имајќи предвид дека откупната клаузула најверојатно нема да биде мала.

Како олеснителна околност се смета желбата на тер Штеген да учествува на Светското првенство следната година, па значи му ќе му бидат поважни од клубот во кој ќе игра.

Да потсетиме, Германецот пристигна во Барселона во 2014 година од Борусија Менхенгладбах и одигра 422 натпревари за каталонскиот клуб во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го понижи Интер и дојде до првиот трофеј во ЛШ

ПСЖ на доминантен начин стигна до првата титула во Лигата на шампиони, откако со 5:0 го по…