Дома Фудбал Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, објави „Барса Универзал“.

17-годишниот шпански репрезентативец ќе потпише нов договор на шест години, кога ќе наполни 18 години идното лето. Во договорот ќе биде ставена клаузула со која оној кој сака да го откупи, ќе мора да плати најмалку 1 милијарда евра.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Јамал официјално беше прогласен за најдобар млад фудбалер на светот, а Барса минатото лето одби 250 милиони евра за негов трансфер.

Јамал е еден од најголемите таленти во светот и Барса сака иднината да ја гради на него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…