
Барселона е во потрага по нов напаѓач ова лето и големи се шансите Феран Торес да замине. Шпанецот не беше задоволен кога дозна дека Барса сака да го продаде и подготвува остар одговор.
Не е тајна дека Барселона сака да го засили нападот на крајот на сезоната, и врвен приоритет има доведувањето нов напаѓач.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Роберт Левандовски се наоѓа во подоцнежниот стадиум од кариерата и неговиот договор завршува ова лето, додека од друга страна Ханси Флик не е премногу импресиониран од игрите кои ги покажува Феран.
Поради тоа, последниве денови интензивно се шпекулира дека Барселона решила летово да го продаде Феран, доколку се појави понуда која ќе ги задоволи нивните очекувања, а тие средства да ги инвестира за нов напаѓач.
Барселона е подготвена да го продаде Феран за околу 50 милиони евра, и Флик дал зелено светло за негово заминување.
Дополнително, клубот е поблиску до тоа да го задржи Левандовски и да му го продолжи договорот, а Феран да го продаде, бидејќи Лева е спремен да биде и резерва само за да остане.
Според шпанските медиуми, Феран воопшто не реагирал добро на веста дека Барса планира да го продаде бидејќи повеќе не сметаат на него.
Каталонски Спорт објави дека Феран е и лут и дури планира остра одмазда кон Барселона по завршување на сезоната.
🚨🎖| 𝐉𝐔𝐒𝐓 𝐈𝐍: Mateu Alemany (now SD of Atlético Madrid) likes Ferran Torres a LOT. [@MatteMoretto] #fcblive 🔴⚪ pic.twitter.com/k9z4jgjgfS
— BarçaTimes (@BarcaTimes) March 26, 2026
Се споменува дека можен е трансфер во редовите на големиот ривал Атлетико Мадрид, а Матеу Алемани веќе го контактирал.
Спортскиот директор на Атлетико има намера да го доведе Феран, бидејќи ќе се ослободи место во мадридскиот тим по заминувањето на Антоан Гризман и изгледа дека токму актуелниот напаѓач на Барселона може да биде нивниот избор.
Алемани и Феран имаат многу добри односи, затоа што токму тој беше човекот кој го доведе од Манчестер Сити во Барселона пред неколку години.