Дома Фудбал Барса должи, но и и должат

Барса должи, но и и должат

Финансиската состојба во Барселона говори и податокот дека каталонскиот клуб должи над 150 милиони евра само за трансфери на играчи.

Точниот износ е 159 милиони евра.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Блауграна има долгогодишни финансиски проблеми на сите полиња. Каталонскиот гигант долго време не можеше да прави трансфери поради огромни долгови, што во последно време успеа да го коригира, но…

Барселона доведуваше играчи, а не им плаќаше на клубовите за тоа. Најголемото задолжување тимот на Ханси Флик го има кон Лидс. Барса го доведе Рафинја во 2022 година во трансфер вреден 58 милиони евра, но од тоа должи дури 41,9 милиони евра.

Тука се и долговите кон Бајерн за Роберт Левандовски (20 милиони евра со бонуси), Манчестер Сити (13,3 милиони евра за Феран Торес) и осум милиони евра кон Бетис за трансферот на Емерсон.

Сепак, и на Барселона ѝ се должи. Жоан Лапорта очекува уплати од Атлетико Мадрид за Антоан Гризман, Порто за Ника Гонзалес и уште неколку зделки.

Ситуацијата е комплексна, но Барса наскоро ќе мора да ги подмири долговите доколку сака да продолжи со нормално работење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид подготвува нов удар на пазарот: Халанд повторно во плановите

Според информациите на “El Larguera”, во Реал сè почесто се зборува за можен п…