Дома Фудбал Барди пред ждрепката: Заслуживме да играме ранг погоре!

Барди пред ждрепката: Заслуживме да играме ранг погоре!

Оваа седмица носи важен момент за македонскиот репрезентативен фудбал, ждрепката за новото издание на Лигата на нации, која ќе се одржи во Брисел. Националниот тим на Македонија, предводен од селекторот Гоце Седлоски, за првпат ќе биде дел од Лига Б, чекор што го потврдува нашиот квалитет и резултатите од претходниот циклус во натпреварувањето.

Извлекувањето е закажано за в четврток од 18:00 часот, а македонската А репрезентација ќе ја чека ждрепката од четвртиот шешир во Б сегментот. Македонија нема да може да се соочи со Шведска, Северна Ирска и Косово.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Капитенот Енис Барди потенцира дека настапот во повисок ранг е последица на игрите прикажани во Лига Ц.

„Самите се доведовме во позиција да играме во поквалитетен сегмент. Го заслуживме тоа со прикажаното на натпреварите од Ц сегментот. Лига Б носи силна конкуренција, но токму тоа е предизвикот. Без разлика кој ќе ни биде противник, мора да бидеме подготвени и физички и ментално, да го држиме високиот ритам на секој натпревар“, истакна Барди.

Капитенот додаде дека репрезентацијата гледа на овој циклус како на нова можност за докажување.

„Има противници со кои досега не сме се сретнале, како Швајцарија. Ова е нова шанса за сите нас, со поинаква енергија и силен мотив да покажеме дека припаѓаме на ова ниво и да се бориме за позитивен резултат. Конкуренцијата е навистина силна, ама веруваме во нашиот квалитет и сеедно против кого ќе се соочиме во групата, треба да ги одиграме тие натпревари во таков, силен ритам.“

Лига Б:
Прв шешир: 
Шкотска, Унгарија, Полска, Израел
Втор шешир: 
Швајцарија, БиХ, Австрија, Украина
Трет шешир: 
Словенија, Грузија, Р. Ирска, Романија
Четврти шешир:
Шведска, Македонија, Северна Ирска, Косово

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија во финишот ја скрши Струга, Тиквеш со „шестка“ го испрати Шкупи (Видео)

Со денешните два натпревари од 14:00 часот отворен беше вториот дел од сезоната во Првата …