Дома Фудбал Банкротираше поранешниот хит во Серија А кој ги мачеше гигантите

Банкротираше поранешниот хит во Серија А кој ги мачеше гигантите

Обвинителството во Верона побара судење за Лука Кампедели, поранешниот претседател на Киево, поради тешки обвинувања за банкрот. Истражувањето кое го спроведе Финансиската полиција открива „измамнички механизам со кој управата систематски прикажувала привидно добра економска состојба на четвртолигашот Киево Верона, прикривајќи ја пропаста на имотот на друштвото, и овозможувајќи му на клубот учество во фудбалското првенство“, пишува „Тутоспорт“.

Истрагата се фокусира и на фиктивните трансфери на играчи во Чезена и Карпи по цени кои „не се во согласност“ со вистинската пазарна вредност. Играчите наводно никогаш не ги напуштиле своите клубови, што му овозможило на Киево да запише капитална добивка од над 35 милиони евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Киево, познат и како „летечки магариња“, основан е во 1929 година како мал квартовски клуб од предградие Киево на Верона. Клубот доживеа неверојатен подем, минувајќи го патот од аматерски статус до Серија А, највисокиот ранг на италијанскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Коби Мејну го напушта Олд Трафорд и се сели во Серија А!

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Коби Мејну, сака да игра за Англија на следното СП…