Дома Фудбал Бајерн направи листа со пет „бомбастични“ имиња!

Бајерн направи листа со пет „бомбастични“ имиња!

Баерн Минхен не успеа да го донесе Флоријан Вирц, но затоа сè уште брка жестоки имиња.

Како што откри денес Флоријан Плетеенберг, Баерн има нови бомбастични имиња на својата листа на желби.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Првиот кој сега испадна на план е Бредли Баркола од Пари Сен Жермен. Баварците се надеваат дека ќе можат да го убедат да дојде, бидејќи му гарантираат поголема минутажа на левата страна, наместо Лирој Сане и Кингсли Коман кои се на излезни врати од „Алијанц арена“.

Но, Баркола не е единствената цел, иако е приоритет, затоа што ако тој одбие, Бајерн ќе започне со – Нико Вилијамс!

Репрезентативецот на Шпанија сè уште не се договорил со ниту еден клуб, Барселона нема пари да ги исполни неговите високи барања, Арсенал двоуми, па сега Бајерн излезе како опција. Неговата клаузула е поставена на 58 милиони евра и не е неудобно висока, но проблем претставува платата што ја бара Нико Вилијамс.

Тука е и листа, односно план В, а тоа се – Рафаел Леао, Коди Гакпо и Каору Митома. Но, за нив Бајерн потенцијално ќе размислува само во случај да не успее да ги донесе ниту Баркола ниту Нико Вилијамс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симеоне останува во Атлетико Мадрид до 2030 година?

Џулијано Симеоне го продолжува договорот со Атлетико Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми…