
Проблеми на клупското СП поради временските неприлики не престануваат. После неколку прекинати натпревари во групната фаза поради предупредувања за лошо време, во осминафиналето беше прекинат мечот Челси – Бенфика во Шарлот на дури два часа. Во исто време, во Орландо на аеродромот заглави Бајерн. Билд пишува: „Повторно хаос со летовите и проблеми со времето за Баерн на клупско СП.“
Ѕвездите на Баерн заглавија во Орландо, нивниот авион за Мајами не можеше да полета во сабота во 16:40 по локално време за да стигнат навреме на осминафиналниот натпревар од клупско СП против Фламенго од Рио де Жанеиро, кој се игра во недела во 15 часот по локално време во Мајами. Но тимот заглави – полетаа со скоро два часа задоцнување.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Причината е невреме кое бавно се движеше преку Флорида, од запад кон исток – токму од Орландо кон Мајами. Ова не е првпат на СП, Баерн да има проблеми поради временските непогоди кога патуваат на натпревари. За вториот натпревар во групата против Бока Јуниорс (2:2) Баварците исто така тргнаа со задоцнување поради лошото време; тогаш задоцнија еден час.
Фото: Принтскрин