
Во летото 2022, во Минхен беа уверени дека направиле извонреден трансфер период, но сега е и официјално дека ниеден од играчите не е повеќе дел од Баерн!
Можеби сте заборавиле, но тогаш Баерн донесе осум нови играчи, потрошија околу 150 милиони евра, а ова беа тие што ги засилија редовите:
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Матијс де Лихт, од Јувентус премина во Баерн за 67 милиони евра
Садио Мане, од Ливерпул за 32 милиони евра
Матис Тел, од Рен за 20 милиони евра
Рајан Гревенберх, од Ајакс за 18 милиони евра
Јан Зомер, од Менхенгладбах, слободен агент
Нусаир Мазрауи, од Ајакс, слободен агент
Дејли Блинд, од Ајакс, слободен агент
Жоао Кансело, од Сити, позајмица
Гледајќи ги овие имиња, во тој момент беше јасно дека многу од нив беа влијателни во европскиот фудбал или потенцијални ѕвезди во подем. Сепак, денес, нивното присуство на “Алијанц арена” е завршено.