Дома Фудбал Баерн во Англија пронајде замена за Ноер – ќе плати 72 милиони евра!

Баерн во Англија пронајде замена за Ноер – ќе плати 72 милиони евра!

Баерн подготви понуда вредна 60 милиони фунти (околу 71,7 милиони евра) за Барт Вербруген, голманот на Брајтон & Хоув Албион. Во клубот од Минхен во него гледаат наследник на Мануел Ноер (39). Ноер е под договор и за следната сезона. Вербруген за Брајтон бранеше на 57 натпревари. Во 14 од нив успеа да ја зачува мрежата недопрена, а прими 76 голови.

Како што наведува „Телеграф“, во Баерн се подготвуваат за “живот по Нојер” и бараат голман кој има квалитети да биде достојна замена на легендата на клубот и германската репрезентација. Вербруген е 194 см висок 22-годишник, кој има договор со Брајтон до летото 2028.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Во англискиот клуб стигна во јули 2023 година со трансфер од Андерлехт. Тој трансфер беше вреден околу 19 милиони евра, па се очекува дека Брајтон добро ќе заработи на својот и прв голман на холандската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ван Дајк е слободен да си оди, наместо него доаѓа ѕвезда од 60 милиони евра

Екипата што ја води Арне Слот од клупата оваа сезона игра навистина одлично во домашното п…