Дома Фудбал Баерн во Англија пронајде замена за Ноер – ќе плати 72 милиони евра!

Баерн во Англија пронајде замена за Ноер – ќе плати 72 милиони евра!

Баерн подготви понуда вредна 60 милиони фунти (околу 71,7 милиони евра) за Барт Вербруген, голманот на Брајтон & Хоув Албион. Во клубот од Минхен во него гледаат наследник на Мануел Ноер (39). Ноер е под договор и за следната сезона. Вербруген за Брајтон бранеше на 57 натпревари. Во 14 од нив успеа да ја зачува мрежата недопрена, а прими 76 голови.

Како што наведува „Телеграф“, во Баерн се подготвуваат за “живот по Нојер” и бараат голман кој има квалитети да биде достојна замена на легендата на клубот и германската репрезентација. Вербруген е 194 см висок 22-годишник, кој има договор со Брајтон до летото 2028.


Во англискиот клуб стигна во јули 2023 година со трансфер од Андерлехт. Тој трансфер беше вреден околу 19 милиони евра, па се очекува дека Брајтон добро ќе заработи на својот и прв голман на холандската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Барселона во екстаза кога видоа што направија Меси и Суарез (Фото)

Барселона синоќа со победа во градското дерби против Еспањол ја осигура титулата шампион н…