
Дајо Упамекано е новата голема грижа за Баерн Минхен.
Скај спорт денеска ја пласираше приказната дека Пари Сен Жермен врши притисок врз Упамекано и дека Луис Енрике го сака Французинот во неговиот тим.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Скај спорт истакнува дека Баерн е свесен дека заминувањето на Упамекано би било двоен удар за клубот. Прво поради неговите играчки квалитети и фактот дека е редовен стартер и лидер на тимот, а потоа и поради тоа што во овој случај би заминал без обештетување.
Упамекано сè уште нема одговорено на последната понуда од Баерн, што го засилува гласовите дека размислува за понудите што ги има на маса.
Порано се споменуваше и Реал Мадрид, кој сака да ја засили стоперската позиција, но ПСЖ засега е поконкретен и веќе превзел одредени чекори и контакти со агентите на францускиот репрезентативец.
Упамекано неодамна, по гостувањето кај Пари Сен Жермен, го пофали овој клуб и тимот на Луис Енрике, а дипломатски не сакаше да одговори на изгласите на навивачите од трибините да дојде на “Паркот на принцовите”.
Бајерн му нуди на Французинот посилен договор до летото на 2030 година, ПСЖ исто така подготвува силен и долгорочен договор, па пред Упамекано навистина стои тешка одлука.