Дома Фудбал Баерн се откажа од соработката со Боатенг по протестите на навивачите

Баерн се откажа од соработката со Боатенг по протестите на навивачите

Тренерот на Баерн, Винсен Компани, некогашен соиграч на Боатенг, изјави минатиот месец дека би сакал неговиот поранешен одбранбен играч да биде гостин и во Минхен да отпочне тренерска кариера.

Баерн соопшти дека поранешниот германски репрезентативец и некогашен играч на клубот Жером Боатенг нема да дојде во клубот за развивање на тренерска кариера, по протестите на навивачите поради неговата минатогодишна пресуда за нанесување телесни повреди на поранешната партнерка.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Навивачите на Баерн на трибините истакнаа транспаренти против присуството на Боатенг. Тој минатата година пред судот во Минхен беше прогласен за виновен за нанесување телесни повреди и му беше изречена условна парична казна и предупредување, а сите обвинувања тој ги негираше.

„Во конструктивен разговор помеѓу ФК Баерн и Жером Боатенг оваа недела, одлучено е дека Боатенг нема да го посетува клубот за да ги следи тренинзите“, се вели во соопштението на Баерн.

„Жером се чувствува силно поврзан со Баерн и не сака клубот да страда поради тековната контроверзна расправа што се води околу него“, се додава во соопштението.

Боатенг во објава на Инстаграм порача дека, „по неодамнешните дискусии околу него“, решил да се посвети на други интереси и сака клубот да се фокусира на резултатите на теренот.

Боатенг, кој со Баерн освои два пати Лига на шампиони и со репрезентацијата на Германија Светско првенство во 2014 година, ја заврши играчката кариера минатиот месец. Неговиот договор со австрискиот ЛАСК беше прекинат спогодбено во август, иако важеше уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола спрема спектакуларно засилување во јануари

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред,…