
Баерн Минхен продолжува со обидите да ја зајакне својата офанзива со крилото на Ливерпул, Луис Дијас, и напаѓачот на Штутгарт, Ник Волтемаде.
Баварците имаат многу малку опции во нападот по заминувањето на Томас Милер и Лерој Сане и тешката повреда на Џамал Мусијала.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Засега, Баерн удира во ѕид со двете трансферни цели, но не се откажува. Новата информација е дека разговорите со Ливерпул продолжуваат.
И покрај тоа што мерсисајдците веќе одбија две понуди за нивниот 28-годишен играч, од кои последната беше за 67.5 милиони евра, очекува се наскоро повторно да има нови средби меѓу претставниците на двата клуба, каде Баварците се надеваат на пробив.