
Екипата на Баерн оваа сезона игра фантастично и во Лигата на шампионите и во домашното првенство, блескаат на секој чекор, но секако дека размислуваат за иднината.
Скаутите се распространети низ целиот свет, но најмногу возбуда предизвикаа оние што престојуваат во Јужна Америка.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Дури и шефот на скаутите служба Нилс Шматке замина за Јужна Америка, а тројца играчи се мета.
Првиот, фудбалерот од Васко да Гама, 19-годишниот крилен играч Рајан, кој е мета и на Барселона и има откупна клаузула од 40 милиони. Вториот е фудбалерот на Сантос, левиот бек Соуза.
Третиот – фудбалер од Велес Сарсфилд, Тобиас Андрада, 18-годишен фудбалер од средниот ред, кој има договор до 2029 година и откупна клаузула од 14 милиони евра.
Сите тројца ќе бидат мета веќе во јануари, но Бајерн ќе се соочи со голема конкуренција.