
Шпекулациите траеја само кратко, а одговорот стигна исто толку брзо колку што и интересот започна. Баерн нема да влезе во трката за Фил Фоден од Манчестер Сити – причината е недостаток на финансиски маневарски простор за трансфер од таков обем, потврдил угледниот германски весник Билд.
Веста доаѓа само ден откако британските медиуми објавија дека Баерн ја следи ситуацијата на Фоден, со наводи дека тренерот Винсент Компани посебно го почитува. Но, Баварците брзо се дистанцирале – во нападот на Баерн веќе дејствуваат Михаел Олисе, Луис Дијаз, Џамал Мусиала и Серге Гнабри, па уште едно вакво скапо доведување на играч за напаѓачката линија е оценето како непотребно.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Фоден во оваа сезона загубил дел од минутажата под Пеп Гвардиола, а договорот му истекува во 2027. Манчестер Сити активно преговара за продолжување на договорот и, според „Скај Спортс“, се оптимисти дека договорот ќе биде постигнат пред крајот на сезоната.