Дома Фудбал Баер Леверкузен се чини дека го пронајде наследникот на Ерик Тен Хаг!

Баер Леверкузен се чини дека го пронајде наследникот на Ерик Тен Хаг!

Австралискиот фудбалски стратег Ангелос Постекоглу се смета за потенцијален нов главен тренер на Баер Леверкузен, објавуваат германските медиуми.

Тимот од Леверкузен моментално е без тренер, откако холандскиот стручњак Ерик Тен Хаг доби отказ пред неколку дена.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Постекоглу ја водеше англиската екипа Тотенхем до освојување на Лигата на Европа минатата сезона, што лондонскиот клуб го обезбеди настапот во Лига на шампиони. Сепак, во јуни беше отпуштен откако Тотенхем заврши на 17-тата позиција во Премиер лигата.

Според Скај Германија, Постекоглу е добро решение за Баер, кој минува низ период на транзиција поради големи промени во играчкиот кадар. Се очекува клубот од Леверкузен на почетокот на следната недела да назначи нов главен тренер.

Шеесетгодишниот Постекоглу, пред ангажманот во Тотенхем, ги водеше клубовите Селтик, Јокохама и австралиската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе доби еден куп пофалби: Кога е тој тука, сѐ е поинаку

Килијан Мбапе постигна нов гол во победата на Реал Мадрид над Алавес со 2:1, и на сите веќ…