Младиот аргентински напаѓач Алехо Сарко (18) е нов член на Баер Леверкузен, објави актуелниот германски фудбалски шампион.
Младиот „Гаучо“ како слободен играч пристигна во Баер од аргентинскиот Велез, потпишувајќи четиригодишен договор.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
“Ова е нешто за што сонував. Баер долго време се интересираше за мене и внимателно ја следев одличната мината сезона на клубот. За мене е возбудливо што сум дел од овој тим и голем предизвик”, изјави младиот играч.
Баер Леверкузен моментално е на второто место во Бундеслигата, со четири бода помалку од лидерот Баерн Минхен.