
Претставници на Ендрик се сретнаа вчера со извршниот директор на Реал Мадрид Хосе Анхел Санчес, за да разговараат за иднината на бразилецот.
Според “Ел Чирингито” обете страни се согласија дека 19-годишниот напаѓач ќе биде позајмен на друг клуб во јануари. Конкретните услови, поставени од претставниците на фудбалерот, се дека неговиот нов тим нема да биде од Ла Лига, а исто така Ендрик нема никаква намера да се враќа во Бразил, иако Палмеирас има интерес да го врати.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Од “Сантијаго Бернабеу” претпочитале да го препратат напаѓачот во друг тим од Ла Лига, но желбата на играчот е да премине во сериозен клуб од Европа, кој учествува во Лигата на шампионите или Лига Европа.
Во Англија пред неколку дена се тврдеше дека Манчестер Јунајтед, Вест Хем и Брајтон имаат интерес, но очигледно тие отпаднале од сметките, затоа што не учествуваат во европските натпреварувања. Астон Вила, Њукасл, Јувентус и Олимпик Марсеј се меѓу потенцијалните кандидати кои одговараат на посочените од Ендрик и неговиот тим услови.