Дома Фудбал Лига на шампиони Aњели сака Суперлига, а Јувентус три години не може да помине осминафинале во ЛШ!

Aњели сака Суперлига, а Јувентус три години не може да помине осминафинале во ЛШ!

Поранешниот италијански шампион Јувентус ja подобри ситуацијата од почетокот на сезоната во Серија А и изгледа дека полека се вклучува срамежливо во битката за Скудетото, но огромно разочарување за клубот од Торино беше вчерашната елиминација од Лигата на шампионите.

Трета година во низа Јувентус е елиминиран во осминафиналето, а претходно испадна во четвртфиналето што и тоа не е некој голем дострел во согласност со амбициите на клубот. Од друга страна токму претседателот на Јувентус е еден од главните заговарачи на реализирањето на проектот на Суперлигата која би била лига само за богатите и моќните клубови.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ањели заедно со Перез беа луѓето кои се обидоа буквално да ја уништат Лигата на шампионите со изговр дека Суперлигата ќе донесе поквалитетни натпревари. Меѓутоа очигледно Ањели треба прво да се позанимва со составот на неговиот тим затоа што прашање е колку овој Јувентус заслужува т.н Суперлига ако се знае дека во последните четири години беше елиминиран од Ајакс, Лион, Порто и сега Виљареал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Голем ден во Ливерпул: Засилувањата од 308 милиони евра си ги избраа броевите! (Видео)

Ливерпул, шампионот на Англија, претстави пет значајни засилувања за наредната сезона, што…