Шпански „АС“ одново пишува за можното враќање на Нејмар во Барселона.
Овој пат шпанскиот медиум тврди и дека Барселона го сака истото. Нејмар уживаше играјќи за Барселона, а замина за да излезе од сенката на Меси. Неговото враќање на „Ноу Камп“ е комплицирано, но не и невозможно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Следната сезона Нејмар нема откупна клазула, но во 2020 година оштетата за Бразилецот е позната, 160 милиони евра“, пишува „АС“ повикувајќи се на извори од клубот.
Нејмар и понатаму е во блиски односи со Барселона, иако игра во друга држава секогаш кога има прилика ги посетува поранешните соиграчи.
„Штета, бидејќи овде имаше се. Форсираше заминување од клубот, а сега гледаме дека не е задоволен поради се што се случи. Неговите разговори со играчите на Барселона се константни“, зборувал изворот за „АС“.
Една од опциите во потенцијалните преговори е замена за Осман Дембеле. „АС“ тврди дека ПСЖ сака во тимот да има повеќе Французи, па Дембеле би можел со одредена сума да биде заменет за Најмер. Сепак, тука постои еден проблем.
„Неговиот однос со Лионел Меси е подобар од ден во ден. Трет стрелец е на тимот оваа сезона со 10 погодоци, седум постигна во Ла Лига, два во Лигата на шампионите и еден во шпанскиот Суперкуп. Ако го поправи своето однесување може да оди напред“, пишува „АС“.
? | Neymar continues with the same intention of returning to the Camp Nou. He will do all he can to 'seduce' Barcelona to prepare for an empathetic return. "Neymar's calls are constant," they say from the Camp Nou. pic.twitter.com/2NW1lj5sZS
— Culé Source (@CuleSource) December 25, 2018