Дома Трансфер зона Aрсенал пронајде идеално засилување во Јувентус и ќе понуди 40 милиони евра

Aрсенал пронајде идеално засилување во Јувентус и ќе понуди 40 милиони евра

Oдличниот и талентиран фудбалер од редовите на Јувентус, Кенан Јилдиз би можел да се пресели во англиската Премиер лига.

Турските медиуми пренесуваат дека Јилдиз е на мета на Арсенал кој на лето ќе направи се за да го доведе во своите редови.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Јилдиз има само 18 години, а сезонава на неколку натпревари во Серија А беше старетер и покажа сериозен квалитет, успеа и да го постигне првиот гол во најсилното италијанско првенство.

Тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри неколку пати истакнуваше дека Јилдиз е иднината на Јувентус. Сепак, Арсенал ќе се обиде да го доведе во своите редови. Клубот од Лондон според информациите е подготвен да понуди околу 40 милиони евра во летниот преоден рок.

Одигра Јилдиз веќе и три натпревари за репрезентацијата на Турција, а нема сомневање дека тренерот Винчецо Монтело ќе смета на него и за Европското првенство во Германија во летото кое следи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лапорта: Одбивме 250 милиони за Јамал

Барселона од година во година потврдува дека ја има една од најдобрите младински академии …