ПСЖ не се шегува, новиот спортски директор одреди огромна сума за засилувања.
Францускиот клуб во последните неколку години во Лигата на шампионите стигнува до нокаут фазата, но никако до самата завршница.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Немаа среќа оваа сезона кога после победата над Барселона од 4:0 во првиот натпревар во реваншот беа поразени со 6:1. Сега сакаат пред се да го задржат приматот во Франција каде што Монако ја освои титулата, а потоа и да ја нападнат Лигата на шампионите. Поради тоа управата одреди 220 милиони за засилувања.
Секако, прв на листата Пјер-Емерик Обамејанг кој е блиску до трансфер во овој клуб. Се шпекулираше и за Килијан Мбапе од Монако, но тоа ќе биде тешка мисија.
Како ПСЖ ќе ги потроши, останува да видиме…