Дома Фудбал Aнчелоти ги израдува навивачите пред натпреварот против Осасуна

Aнчелоти ги израдува навивачите пред натпреварот против Осасуна

Tренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти на денешната прес-конференција потврди дека Карим Бензема се опоравил и се вратил во тимот.

Французинот е надвор од терените од првото коло во Лигата на шампионите и натпреварот против Селтик. Надвор од терените Бензема беше нешто помалку од еден месец, а сега е спремен да помогне.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Да, Бензема се опорави и тренира со нас, ќе биде стартер против Осасуна“, изјави Анчелоти.

Надвор од тимот кај Реал сега е само полесно повредениот Лука Модриќ кој би требало да се врати за една недела.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Осасуна на програмата е утре во 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Раниери донел конечна одлука: Рома ќе бара нов тренер!

Тренерот на Рома, 73-годишниот Клаудио Раниери, по неделното реми 1:1 против Јувентус повт…