Македонија е спремна, утревечер Скопје го очекува најголемиот спортски настан во нашава земја, Суперкупот на Европа.
Во Англија реномираниот медиум „Мирор“ предупредува дека опасност за фудбалерите од нивната држава би можеле бидат високите температури кои овие денови во Скопје го надминуваат 40 степени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мирор“ покрај тоа наведува и дека Манчестер Јунајтед на турнеата во САД веќе играл на високи температури, но во овој момент во Скопје е за некој степен потполо.
Англиските медиуми очекуваат температурата на стартот од натпреварот да изнесува околу 35 степени.