Дома Фудбал Англија Aнгличаните анализираат: „Повлекувањето“ на Абрамович од Челзи е само на – хартија!

Aнгличаните анализираат: „Повлекувањето“ на Абрамович од Челзи е само на – хартија!

Роман Абрамович вчера објави соопштение во кое потврдува дека го напушта Челзи и го осава на своите луѓе од доверба.

Неговите зборови можеа да се протолкуваат дека отстапува од позицијата, но суштиниски скоро ништо нема да промени со своето „повлекување“. Англиските медиуми денес го анализираа соопштението на Абрамович и повеќе се занимаваа со она што Абрамович не го кажа во соопштението.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Дејли Мејл“ пишува дека Абрамович направил повќее симболична отколку техничка промена. Рускиот бизнисмен и до сега ретко престојуваше во Лондон. Уште од ноември не гледал натпревар на Челзи во Англија, а тоа тоа беше прв натпревар кој го гледаше од трибините после три години, пишуваат островските медиуми.

Фабризио Романо денес исто така потврди дека главни оперативци на Челзи ќе бидат Марина Грановскаја и Петар Чех. Тоа се луѓето кои и до сега ги завршуваа најважните работи за Челзи.

Заклучокот на Островот е дека Абрамович се дистанцирал од Челзи само „на хартија“ и дека во ниту еден момент не се дистанцирал од Путин и не го осудил нападот на Украина, за нив е многу поважно што пресконал отколку што напишал во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…