Дома Фудбал Репрезентации Aнгеловски: Казахстан е квалитетна репрезентација, одиграа 1:1 со Украина

Aнгеловски: Казахстан е квалитетна репрезентација, одиграа 1:1 со Украина

Репрезентацијата на Македонија утре игра натпревар против Казахстан кој ќе биде последната контролка пред Европското првенство

Пред овој натпревар прес-конференција одржа селекторот Игор Ангеловски. Ангеловски очекува еден натпревар кој ќе биде посилен тренинг против квалитетна селекција која како што напомена во квалификациите за СП одигра 1:1 против Украина која е во нашата група на ЕП.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


„„Натпреварот ќе го искористиме како еден посилен подготовителен тренинг. Украина не е од групата на Лихтенштајн и таквите репрезентации, одиграа 1:1 против Украина која ќе биде наш противник на Европското првенство и покажаа дека имаат квалитет“.

Изолацијата на Енис Барди денес завршува и тоа значи дека ќе може да почне да работи самостојно, се до добивањето на негативен ПЦР тест.

„На Барди денес му завршува изолацијата од 10 дена. Ќе тренира сам се додека не добие негативен тест, се надеваме дека ќе добие што побрзо и ќе ни се придружи“, порача селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Деко проговори за иднината на Френки де Јонг

Спортскиот директор на Барселона Деко откри дека каталонците би сакале да го продолжат дог…