Младиот Бразилец, Винисус Жуниор (18) блескаше во натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона од шпанскиот куп кој неговиот тим го загуби со 0:3.
Винисус правеше огромни проблеми на одбраната на каталонскиот тим, но на крајот не успеа да постигне гол. Бразилецот во ова „Ел Класико“ имаше шест удари кон противничкиот гол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После одличниот настап, дел од спортскиот свет започна Винисиус да го споредува со Лионел Меси од младите денови.
Меси кога се појави на големата сцена го воодушевуваше светот со своите настапи во дресот на „кралевите“, но за Жорди Алба споредбите на Винисус и Меси се претерани.
„Го споредувате Винисус со најдобриот во светот? Па што правите вие луѓе?!“, започна Алба, па го објасни своето мислење.
„Винисус е одличен играч. Ништо лошо не мислам за него, но да бидеме реални и искрени. Уште сега одлично се покажува во дресот на Реал иако е млад. Сигурно не му е лесно на 18 години да носи притисок на толкава ѕвезда. Меѓутоа споредбите со Меси не му се потребни ниту на него, ниту на било кој друг играч“, објасни Алба.
Неодамна, Алба исто така доби вакво прашање, но после истото заврши само со зборовите „Добра ноќ“.
Бразилскиот фудбалер одигра вкупно 26 натпревари за првиот тим на Реал Мадрид. Постигна три гола и запиша дури 12 асистенции.
Нова шана Винисус вистински да блесне против големиот ривал ќе има за викендот. Реал во сабота ја дочекува Барселона и настапот на Бразилецот сигурно ќе се следи со посебно внимание.
https://www.youtube.com/watch?v=iyjfzWgaTo4