Претседателот на италијанскиот фудбалски сојуз Габриел Гравина откри дека се разгледува можноста за плеј-оф и плеј-аут во Серија А.
Во Италија доигрувањата не се „модерни“, а се користат само во ретки ситуации кога клубовите се еднакви во сите сегменти на крајот од сезоната и се борба за опстанок, титула или пласман во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маѓутоа Гравина за „Кориере дело Спорт“ нагласува дека Серија А би можела да добие нови правила во иднина со цел да се подобри имиџот на натпреварувањето.
„Фудбалот доживува криза на која не и треба толку нови правила, туку некои промени. Разговарвме за плеј-оф и плеј-аут во Серија А. Тоа засега изгледа чудно, но е нешто за кое мораме да размислуваме и можби во иднина ќе биде приоритет“, изјави Гравина за „Кориере“.
Гравина не објасни како сето тоа би изгледало, но навистина би било необично да гледаме разигрувања во Серија А во борба за титулата, Европа или опстанокот.
Во Италија претходно се разгледуваше можноста квалитетот на лигата да се зголеми на начин со што лигата би била скратена на 18 клубови.