
Се ближеше крајот на тесниот натпревар на стадионот Либерти во јануари 2013. Резултатот меѓу домашниот Свонси Сити и тогашниот европски првак, Челси, беше 0:0. Како што Свонси славеше со 2:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лига купот на Стадфорд Бриџ, беше на чекор до финалето на Вембли, пишува GOAL.
Времето течеше за Челси кога топката во 79. минута излезе надвор од игра. Суперѕвездата Еден Хазард, тогаш еден од најдобрите играчи во светот, потрча по неа за да ја забрза играта.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Набргу потоа, телевизиските снимки покажаа собирач на топки како лежи на земја, виткајќи се од болка, додека белгискиот напаѓач доби директен црвен картон. Наскоро стана јасно дека Хазард го удрил 17-годишникот во ребрата додека овој лежел на топката обидувајќи се да одолговлекува, по што исклучувањето за насилно однесување беше оправдано.
Споменатиот собирач на топки беше Чарли Морган, син на директорот на Свонси. Малкумина можеа тогаш да замислат каква иднина го чека. Денес, на возраст од 29 години, Морган е самостоен милионер и претприемач кој со својот пријател Џексон Квин го создаде својот бренд на премиум вотка.
Брендот „Au Vodka“ брзо се разви од производи што се продаваа локално во околината на Свонси до глобален феномен достапен во најдобрите клубови на Ибица. Впечатливиот дизајн на сјајните златни шишиња, кои се продаваат по цена од околу 30 фунти (34 евра), сигурно им помогна да привлечат внимание.