Дома Фудбал Автомобил удри во група од фанови на Ливерпул, има повредени

Автомобил удри во група од фанови на Ливерпул, има повредени

Автомобил удри во група од фанови на Ливерпул, кои славеа освојување на титулата во Премиер лигата во центарот на градот. Фотографии и видеа споделени на социјалните мрежи покажуваат како возилото влетало во толпата навивачи додека тие се наоѓале на улиците, за да ги поздрават играчите кои учествуваа во парадата со отворен автобус.

Полицијата на Мерсисајд соопшти дека еден маж е уапсен по сообраќајната несреќа на „Ватер Стрит“, која се наоѓа близу до популарната трговска зона „Странд“. Улицата била блокирана од службите за итни случаи и не е јасно дали има повредени и каква е тежината на повредите. Во едно од видеата се гледа како комбе се движи со голема брзина низ толпата. 

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Кадри од воздухот покажуваат голем број медицински екипи на местото. Пристигна и медицински хеликоптер.

Се проценува дека околу еден милион навивачи се собрале на улиците на Ливерпул за да ги видат двата автобуси со играчите и тимот додека се движеа по 16-километарската траса низ градот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Кардиф ќе го отвори ЕУРО 2028, финалето ќе биде на „Вембли“

Иако квалификациите сè уште не се започнати, веќе е познато дека отварањето на ЕУРО 2028 ќ…