Aвстралиецот Кирјос е одличен тенисер, но во спортскиот свет е најпознат по неговите лудости кои ги прави за време на натпреварите и надвор од нив.
Кирјос сега е казнет со условна казна и 25.000 долари поради лошото однесување на тениските турнири во изминатата една година. Претходно поради осум испади на Сисинати доби казна од дури 113.000 долари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На УС Опен отворено зборуваше за корупција во АТП, сепак за тоа не доби казна.
Сега условната казна може да му биде сериозен проблем ако во период шест месеци направи некоја глупост.
„Условната казна на Кирјос ќе заврши за шест месеци, односно кога ќе бидеме сигурни дека ги почитува правилата на однесување, посета на психолог и користење на социјализирана помош кога нема турнири“, стои во објавата на АТП.
Она што е интересно е што Австралиецот токму денес објави дека нема да игра до крајот на сезоната и за причина ја посочи повредата која ја има подолго време.