
Антоан Гризман официјално го потпиша својот договор со Орландо Сити. Контрактот му е за две години со опција за дополнителни 12 месеци.
Тој ќе им се приклучи на новиот тим во јули. Американскиот клуб сакаше да го доведе уште овој месец, но Гризман реши дека ќе го заврши сезоната со Атлетико Мадрид, настојувајќи да ја освоi Купата на кралот и да стигне што е можно подалеку со “јорганџиите” во Лигата на шампионите.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
По дербито со Реал Мадрид, Гризман доби дозвола од Атлетико, за да отпатува во Флорида и да го финализира трансферот. Двата клуба соопштија дека тој веќе го потпиша својот договор.
Гризман ќе го носи дресот со омилениот број 7, и според непотврдени информации ќе заработува околу 10 милиони евра годишно, што значи дека ќе биде вториот најдобро платен играч во МЛС по Лионел Меси.
Гризман објави специјално изјава со која се збогува со фановите на Атлетико.
“Не е лесно да се опишат со зборови чувствата, бидејќи овој клуб е мојот дом, а вие сте моето семејство. Тоа беше неверојатно патување исполнето со незаборавни натпревари, голови, радости и страст што само тие што го чувствуваат Атлетико можат да разберат. Но, да го оставиме за сега иднината, бидејќи се уште не си заминувам. Имам уште неколку месеци со овој дрес, месеци во кои ќе дадам сè, за да ја подигнеме Купата на Кралот и да стигнеме што подалеку во Лигата на шампионите. Сѐ уште имаме многу шанси да бидеме среќни. Сакам секоја минута што ми останува тука да биде посвета на ова емблема. Ќе го направиме тоа заедно, како и секогаш. Моето сегашноста е сеуште црвено-бело до последниот момент на оваа сезона. А моето срце засекогаш такво ќе остане”, изјави Гризман.