Дома Фудбал Аталанта гази се пред себе: Веќе има 11 победи во низа!

Аталанта гази се пред себе: Веќе има 11 победи во низа!

Екипата на Аталанта игра одлично и денеска ја запиша 11-та победа во низа во Серија А победувајќи го Емполи со 3:2.

Емполи прв дојде во водство преку Коломбо по 13 минути, но тоа не го промени планот на домаќините кои брзо возвратија и до крајот на полувремето со головите на Де Кеталре и Лукман направија целосен пресврт.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Еспосито во вториот дел од пенал го израмни резултатот, но Де Кеталре во 86. минута постигна втор гол и го обезбеди триумфот на за домаќините.

Аталанта на лидерската позиција има 40 бода, два повеќе од Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Екс-фудбалерот се откажа од својата ќерка поради „Онли Фенс“: Заработувам многу повеќе од вас!

Јавноста во Обединетото Кралство беше шокирана од големиот семеен конфликт на поранешната …