
Астон Вила подготвува официјална понуда до Пари Сен Жермен за Марко Асенсио, откако веќе се договори со 29-годишниот Шпанец за неговите лични услови, тврди телевизијата Скај Спорт.
Се очекува англискиот клуб да понуди 20 милиони евра вклучувајќи бонуси за фудбалерот. Асенсио се согласи на тригодишен договор со клубот, во кој веќе играше на позајмица порано оваа година.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Финансискиот ферплеј го ограничи трансферниот активитет на Астон Вила порано летово, но продажбата на Џејкоб Ремзи на Њукасл за 40 милиони евра ослободи средства кои можат да се употребат. Менаџерот Унаи Емери одамна ги цени квалитетите на Асенсио, кој првично се приклучи на тимот од Бирмингем на позајмица во јануари. Шпанецот постигна 8 гола во 21 натпревар за тимот во сите натпреварувања.
Смета се дека Пари Сен Жермен би прифатил пониска трансферна сума за Марко Асенсио, кој има уште една година од договорот со францускиот клуб.