
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави вечерва дека сака фудбалерите од лондонскиот клуб да го прифатат притисокот во борбата за титулата во Премиер лигата.
Фудбалерите на Арсенал, по 19-то коло, се наоѓаат на првото место на табелата на Премиер лигата со 45 бодови, додека Манчестер Сити е втор со 41.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
– Бучавата е добра затоа што значи дека сте на местото каде што сакате да бидете. Да бидете во конкуренција за трофејите ќе предизвика дебата и емоции и можете да учите од целата таа бучава. Барањата кои сега се пред нас се нешто сосема природно – изјави Артета за Скај Спортс.
Менаџерот на Арсенал зборуваше и за Виктор Ѓокереш, кој во летниот преоден период пристигна во лондонскиот клуб од Арсенал за 63,5 милиони фунти. Шведскиот напаѓач постигна пет голови во 22 натпревари.
– Во следните пет години околу него ќе има многу бучава. Од првиот ден, кога ќе потпишете како деветка за Арсенал, со резултатите кои ги имаше и очекувањата во Арсенал, тоа нема да исчезне. Таков е животот на Арсеналовата деветка. Постои очекување кога ќе го облечете дресот. Тој го знаеше тоа и тоа беше дел од планот. Го гледам на тренинзите секој ден и на состанокот, колку сака добро да игра. Начинот на кој работи на секој натпревар, ќе се случи. Моментално недостасува една работа, да постигне повеќе голови, но другите работи ги прави како што треба – додаде Артета.