
Микел Артета стана шеф на стручниот штаб на Арсенал уште во далечната 2019 година.
Шпанецот е скоро шест години на клупата на „Топџиите“ и досега има освоено три трофеи со нив.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Артета и Арсенал го освоија ФА купот во 2020 година, а Комјунити Шилд два пати (2020 и 2023 година).
Она што најмногу го посакуваат навивачите на лондонскиот клуб е трофејот од Премиер лигата кој го чекаат многу долго.
Арсенал солидно ја започна новата сезона и има девет бода на своето салдо од можни 12.
Три пати досега победиле (Нотингем Форест, Лидс Јунајтед, Манчестер Јунајтед), а загубиле од Ливерпул.
И оваа сезона токму „Црвените“ ќе им бидат најголема конкуренција за освојување на англискиот шампионат.
Она по што е познат Артета во текот на својата досегашна тренерска кариера е дисциплината што ја бара од играчите.
Шпанецот поставува правила и секогаш очекува неговите играчи да ги почитуваат без било какви прашања.
Неодамна, 43-годишникот воведе пракса која сите играчи на Арсенал мора да ја почитуваат и која ги чини илјадници фунти.
Имено, тој рече дека сите играчи и стручниот штаб мора да се најдат во тренинг кампот на Арсенал пред натпреварот, било тоа да е домашен или гостински натпревар.
Поголемиот дел од играчите поради тоа мораат да „изнајмат“ такси за цел ден што ги чини многу. Сепак, земајќи ја предвид заработката на фудбалерите, особено на овој ниво – на поголемиот дел не би требало да им пречи правилото на Артета.
Шпанецот сака да вметне хармонија во тимот и ова е еден од начините на кој сака да го постигне тоа.