
По три дена ќе се одигра реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Арсенал, а Микел Артета доби лоши вести пред овој натпревар.
Минатиот вторник се одигра првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и ПСЖ.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Парижаните победија на „Емирати“ со резултат 1:0, а единствениот стрелец на овој меч беше Усман Дембеле.
Вчера Арсенал одигра натпревар против Бормут во рамките на 35-то коло од англиската Премиер лига и, за изненадување на многумина, загуби со 2:1.
Јуријен Тимбер не беше ни во почетниот состав, ни на клупата и изгледа станува збор за повреда.
Холанѓанецот на натпреварот против ПСЖ го напушти теренот во 83. минута кога беше заменет од Бен Вајт.
Како што наведуваат француските медиуми, станува збор за нешто потешка повреда поради која нема да може да игра на големиот реванш против ПСЖ.
Фото: Грок АИ