Дома Фудбал Арсенал во Прага без Ѓокереш, Артета загрижен поради напаѓачот

Арсенал во Прага без Ѓокереш, Артета загрижен поради напаѓачот

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изрази загриженост поради повредата на фудбалерот Виктор Ѓокереш, откако напаѓачот не отпатува со тимот во Прага за натпреварот со Славија во Лигата на шампионите.

Ѓокереш се повреди во саботата на натпреварот против Барнли (2:0) и мораше на полувремето да ја напушти играта. 

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Тој дефинитивно не е достапен. Не тренираше и треба да направиме уште тестови и снимања во следните неколку дена за да видиме целосниот опсег на повредата. За овој натпревар, не можеме да сметаме на него“, рече Артета, пренесе Скај. 

Фудбалерите на Арсенал играат во вторник од 18:45 во Прага против Славија, натпревар од четвртото коло на Лигата на шампионите. Менаџерот беше запрашан дали е загрижен или станува збор за краткотрајна повреда. 

„Загрижен сум бидејќи немаше многу проблеми со мускулите и мораше да го напушти теренот, бидејќи почувствува нешто. Тоа никогаш не е добар знак за играч кој е експлозивен. Малку повеќе истражуваме за да го разбереме карактерот на повредата“, посочи Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лампард направи хаос, фудбалери го бркаа на теренот (Видео)

Легендарниот англиски фудбалер денес тренер, Френк Лампард предизвика вистинска бура по не…