Дома Фудбал „Арсенал веќе ќе беше шампион во Премиер лигата доколку го избраше Патрик Шик“

„Арсенал веќе ќе беше шампион во Премиер лигата доколку го избраше Патрик Шик“

Владимир Шмицер, легендарна фигура на Чешка и освојувач на Лигата на шампиони со Ливерпул, го изрази своето незадоволство од почетокот на сезоната на шведскиот напаѓач, истакнувајќи кој според него би бил подобар избор за Микел Артета.

Поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул е на мислење дека Арсенал ќе беше во подобра позиција доколку се одлучеше за Патрик Шик од Баер Леверкузен наместо Виктор Ѓокереш. Овој фудбалски виртуоз смета дека завршницата на Шик би значела сигурно освојување на премиерлигашката титула за тимот од северен Лондон.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако Арсенал е во водство со девет бодови предност во лигата, изборот на шведскиот напаѓач, кој дојде од Спортинг за 70 милиони евра, предизвика критика од Шмицер. Оваа легенда што го подигна пехарот на најелитното европско натпреварување смета дека почетните потешкотии на Швеѓанецот го истакнаа недостатокот на ефективност кој чешкиот напаѓач би го решил.

Шмицер не штедеше на пофалби за својот триесетгодишен сонародник, и покрај неговата историја со повреди.

– Патрик Шик е врвен голмастер. Неговата интелегенција во шеснаесетникот е извонредна, а неговата способност да заврши акција од различни агли е импресивна. Левата нога му е одлична. За жал, имаше проблеми со мускулни повреди. Ако Шик се приклучеше на Арсенал наместо Виктор Ѓокереш, мислам дека веќе ќе беа шампиони на Премиер лигата – истакна Шмицер.

Поранешниот репрезентативец на Чешка го потврди своето уверување, потенцирајќи ја разликата во квалитетот на завршницата меѓу двајцата играчи.

– Со истите шанси, сигурно би постигнал многу повеќе голови, убеден сум во тоа, бидејќи тој е многу посупериорен стрелец. Сеуште би сакал да го видам во англиската елита.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул најде замена за Салах: Ќе трерба да плати 100 милиони евра и се зависи од еден човек!

Ливерпул веќе се подготвува за периодот без Мохамед Салах, кој потврди дека на крајот од с…